
На 15.07.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Градец, виничко, Ф.Ц.(68) од с. Градец управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мотоциклот.
Во несреќата, Ф.Ц. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.