Бајден ќе се сретне со Натанјаху во САД за да ги ублажи долгите тензии

Американскиот претседател Џо Бајден се согласил во понеделникот да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна годинава во САД, но одби по повеќемесечните тензии да прецизира дали средбата ќе се одржи во Белата куќа.

Оваа средба ја предложил израелскиот претседател Исак Херцог пред посетата на Белата куќа во вторникот, а тоа се смета за до некаде попуштање на тензиите меѓу Бајден и Нетанјаху кои траат уште од манадот на претседателот Барак Обама, откако американскиот претседател го обвини израелскиот премиер дека ја води „една од најекстремните“ влади во Израел последните половина век.

Тоа ќе биде првиот таков состанок откако Нетанјаху се врати на премеирската должност, на која е најдолго во историјата на Државата Израел, кон крајот на минатата година. Администрацијата на Бајден луто реагираше на „контроверзните“ правосудните реформи на владата на Нетанјаху и ја обвини за „агресивното“ ширење на еврејските населби на Западниот брег (на реката Јордан) кој меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека Бајден го „поканил“ во текот на „долгиот и топол“ телефонски разговор и дека тоа ќе се случи „наскоро во САД“. „Премиерот ја прифати поканата и договорено е израелските и американски тимови да ги координираат поединостите“, се наведува во соопштението.

Меѓутоа, во американската верзија за поканата, која е објавена значително подоцна од израелското соопштение, не се споменува „средба“ или „покана“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, одвоено од соопштението за новинарите изјави дека соговорниците „се согласија дека ќе се сретнат, веројатно пред крајот на годината… можеби на есен“.

Меѓутоа, Криби одби да каже дали е тоа е покана за средба во Белата куќа или на некоја друга локација, додавајќи дека сѐ уште се договараат „сите детали“ за тоа каде и кога ќе се одржи состанокот.

 

„Екстремистичката“ израелска влада

За разлика од посетата на израелскиот претседател Херцог во Овалната канцеларија во Белата куќа, Кирби рече дека Бајден и Нетанјаху „со седмици“ се обидувале да го договорат телефонскиот разговор одржан во понеделникот.

Администрациите на Нетанјаху и на Бајден се судрија околу настојувањето на израелската влада да го реформира правосудниот систем, што предизвика повеќемесечни масовни улични протести против, според демонстрантите, нападот врз израелската демократија.

На почетокот на јануари, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху најави судска реформа која ќе ги намали овластувањата на судиите на Врховниот суд во корист на демократски избраните носители на законодавната и извршната власт и ќе го намали нивното влијание врз изборот на идните судии. Од друга страна, десетици илјади Израелци се собираат во градовите низ земјата секоја седмица, обично во сабота навечер, за да го критикуваат нацрт-законот и националистичко-религиозната коалициска влада што Нетанјаху ја состави во декември.

Израел нема устав, а улогата на уставот ја игра Декларацијата за независност и низа основни закони. Многумина во израелското општество, вклучително и претседателот на земјата, ги повикаа спротивставените страни да постигнат компромис и побараа од коалицијата да ги омекне своите првични предлози. На крајот на минатиот месец, владата попушти под притисок и го стави во мирување планот за реформи во правосудството, давајќи време за дополнителни консултации.

Во текот на телефонскиот разоговор во понеделникот, Натанјаху му кажал на Бајден дека нацрт-законот за правосудството ќе биде усвоен следната седмица и дека има намера „да стекне широка поддршка од јавноста за остатокот од реформите во текот на летната пауза“, соопшти израелскиот кабинет.

Според соопштението од Белата куќа, пак, Бајден „изразил загриженост поради континуираниот раст на еврејските населби…“ и ја „истакна потребата од преземање мерки за одржливост“ на идната палестинска држава покрај Израел.

Во однос на правосудните реформи, „Бајден ја повтори… неопходноста од најширок можен консензус“, истакнувајќи дека „заедничките демократски вредности секогаш биле и мора да останат обележје на односите на САД и Израел“.

Претходно во јули Бајден во интервјуто за телевизијата CNN изјави дека сегашната израелска влада е „една од најекстремистички“ којашто ја видел во Израел.

Кирби предупреди дека согласноста на Бајден да се сретне со Натанјаху не значи „дека имаме помала загриженоста околу овие реформи на правосудството или помалку загриженост околу некои екстремистички активности и однесување на некои членови на владата на Нетанјаху“. „Таквата загриженост сѐ уште трае. Таа е вознемирувачка“, рече претставникот на Белата куќа.