
Вчера (18 јули) во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек- Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13- годишен малолетник од Челопек.
-Во несреќата, сопатниците од „голфот“ С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.