
Од утринава, Министерството за внатрешни работи врши претреси на повеќе локации во државата, а уапсени се повеќе лица, потврдија од МВР за „А1он“.
Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а за деталите околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.
Уапсени се високи функционери на ДУИ, а меѓу приведените се и даночни инспектори и бизнисмени, дознава „А1он“.
Неофицијално, меѓу уапсените е Исмет Гури од ДУИ кој во случајот „Титаник 3“ доби затворска казна од 3,5 години за местење на изборни резултати во Чаир.