Тројца загинати во невремето во Хрватска

Две лица загинаа а осуммина се повредени во денешното силно невреме во хрватската престолнина Загреб, а уште едно лице заганало во Славонија.

Силното невреме кое надоаѓа од Словенија по 16 часот во средата го зафати западниот дел на Хрватска. Центарот на бурата мина низ Загреб. Ураганскиот ветер носл сè пред себе – дрвја, покриви, силен дожд ги поплавија улиците, а сообраќајот е во целосен хаос, јави јавниот сервис HRT.

Во силното дваесетминутно невреме загинаа двајца мажи, а осум возрасни лица се повредени, кои со повреди на главата се пренесени во блиските болници.

Двете жртви во Загреб се регистрирани по пад на стебла. Станува збор за 50-годишен пешак и 48-годишен возач на автомобил, додека во оштината Церник загинал 40-годишник.

Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ преку социјалните мрежи апелираше граѓаните да ѕвонат на броевите за итна помош и пожарникарните служби само во случај на смртна опасност и крајна нужда.