
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневната температура, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од висока температура, соопшти УХМР.
Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени.
Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.