Милошоски: На последната средба со Вајмарската тројка, Џафери и Митрески признаа дека немаат двотретинско мнозинство за да поминат уставните измени

На средбите со меѓународните претставници од ткн Вајмарската тројка во Македонија со собранискиот спикер Талат Џафери и координаторот на пратеничкта група на владејачката СДСМ, Јован Митревским признале дека власта нема двотретинско мнозинство за уставните измени да поминат во Собранието, истакнан во четвртокот пратеникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Она што го забележав е дека има разлика кога разговараме зад затворени врати и кога разговорите се поискрени и поотворени, тогаш има разлика во ставовите кои претставниците на власта им ги презентираат на гостите од ЕУ. Во овој случај претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на СДС, Јован Митрески кажаа дека нивните партии се за уставните амандмани, дека ќе гласат ЗА, но исто така кажаа дека се реалисти и дека согледуваат дека немаат двотретинско мнозинство за овие уставни амандмани да поминат, што е спротивно од она што во јавноста го истакнуваат Бојан Маричиќ и Бујар Османи кои манипулираат и кажуваат дека има некоја група, некоја фракција се разговара со некого, рече Милошски во текот на  емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Милошоски порача дека сепак средбите со меѓународните претставници се корисни.

„И затоа сметам дека ваквите средби со меѓународните претставници сепак се корисни дури и за нас. Ние со нашите аргументи им објаснуваме дека нашата резерва кон овој процес е оправдана“, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.