
На фејсбук страницата на огранокот на ДУИ во Чаир, во објава потпишана од првиот човек на огранокот Беким Незири, пишува дека насилниот чин упатен до „нивниот пријател Артан“ (вицепремиерот Груби) „ги загрижил сите пријатели, соработници, соседи и жители на Чаир, пишува ТВ21.
„Насилството и ваквите подмолни чинови немаат место во едно цивилизирано општество каде секојдневно се обидуваме да изградиме европско општество за сите нас. Никој не може да го запре нашиот вистински пат и ништо што е спротивно на нашите цели за модерно, толерантно, европско општество“, се вели во реакцијата, во која се повикуваат надлежните органи што поскоро да го расветлат случајот.
На дејсбук реагираше и портпаролот на ДУИ, воедно и министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој изрази огорченост од веста за, како што пишува, одвратното палење на возилото на вицепремиерот Груби.
„Овој чин на насилство со омраза не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество“, вели Османи.
И Арбр Адеми, шефот на парламентарната група на ДУИ, се солидаризираше со неговиот колега Груби како и други министри и функционери од редовите на ДУИ.