Марко Срдановиќ нов засилување за РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар го промовираше Марко Срдановиќ во ново засилување. 25-годишниот ракометар стави потпис на двегодишен договор со клубот.

Срдановиќ кој веќе е дел од подготовките на Вардар, денеска и официјално е промовиран за нов играч на црвено-црните.

„Левото крило, Марко Срдановиќ (25) потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за уште една сезона доколку клубот е задоволен од неговите игри. Тој доаѓа од тимот на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија“, стои во соопштението на РК Вардар.