Натанјаху има „одлично здравје“ и доаѓа во Кнесетот на гласањето за контроверзната правосудна реформа

Изралескиот претседател Бенјамин Нетанјахју, врз кој во болница изминатата ноќ му беше изведен зафат за вградување на „пејсмејкер“, изјави дека се здравствено се чувствува одлично и дека планира да присуствува во парламентот на гласањето за контроверзната правосудна реформа.

„Вложуваме напори да ја довршиме мерката, како и тоа да го сториме преку консензус, Во секој случај, сакам да знаете дека утре наутро ќе им се придружам на колегите во Кнесетот“, порача Нетанјаху во видеопорака.

 

Израелскиот премиер беше хоспитализиран ноќта кон неделата за да му биде вграден срцев симулатор во болничкиот центар „Шеба“ во Тел Авив. Пред една седмица, 73-годишниот Нетанјаху мина една ноќ во болница поради вртоглавица и општо чувство на слабост.

Од неделаа во Кнесетот се дискутира за точката за правосудните реформи со која на Врховниот суд ќе му биде укината можноста за изјаснување за „разумниот карактер“ на одлуките на владата.

Нетанјаху беше хоспитализиран ден под новите масовни протести во Тел Авив и Ерусалим против реформите во правосудствот кои сака да ги спроведе неговата десна влада и што остро ја подели земјата. Демонстрантите се противат на реформа против за кои велат дека ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд во позла на владата во која покрај Ликуд на Нетанјаху се и претставници на ортодоксните Евреи и на екстремната десница.

На почетокот на јануари, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху најави судска реформа која ќе ги намали овластувањата на судиите на Врховниот суд во корист на демократски избраните носители на законодавната и извршната власт и ќе го намали нивното влијание врз изборот на идните судии. Од друга страна, десетици илјади Израелци се собираат во градовите низ земјата секоја седмица, обично во сабота навечер, за да го критикуваат нацрт-законот и националистичко-религиозната коалициска влада што Нетанјаху ја состави во декември.

Израел нема устав, а улогата на уставот ја игра Декларацијата за независност и низа основни закони. Многумина во израелското општество, вклучително и претседателот на земјата Исак Херцог, ги повикаа спротивставените страни да постигнат компромис и побараа од коалицијата да ги омекне своите првични предлози. На крајот на минатиот месец, владата попушти под притисок и го стави во мирување планот за реформи во правосудството, давајќи време за дополнителни консултации.

Владата на Натанјаху, во којашто партиципираат и припадниците на ортодоксните Евреи и екстремната десница, тврди дека реформата за којашто парламентот – Ксенетот би требало да гласа во понеделни, е неопходна за да се урамнотежат гранките на власта, бидејќи Врховниот суд си презема премногу интервенции.

Критичарите на реформата, пак, тврдат дека Врховниот суд е клучен за зачувување на граѓанските права во земјата без устав и еднодомен парламент со кој доминира владата.