
Веќе неколку години пишувам, како во моите книги и објавени колумни за загрижувачките состојби во македонското општество за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2019 година, каде што Македонија бележи назадување на рангирањето. Од опфатени 180 држави, Македонија е пласирана на 106 место, во 2018 година, на 93-то место, а во 2017 година, на 107-ма позиција… подобрувања нема… се’ се ова извештаи објавени од Транспарент Интернешенел Македонија. Или најновите меѓународни истражувања каде што довербата на граѓаните во правосудниот систем се движи од 1 до 3 осто.
Тоа најдобро го потврдија и некои амбасадори кои се во Македонија. А за Судскиот совет е со став да се самораспушти. Кон овој Совет довербата на граѓаните е на најниско можно ниво. Непотизмот зазема посебно место во правосудниот систем. Така сега новоизбраниот врховен судија Наќе Георгиев за Судскиот совет (со само 6 гласа-срам и потврда за нелигитимност) ќе го бира неговиот син за судија. Синот на Наќе Ѓеоргиев е тазе завршен од „градинката“ на Академијата за судии и јавни обвинители, од оваа „градинка“ во генерацијата на синот се синот на експретседателот на Судски совет Киро Здравев, со синот на претседателот на Собранието Таљат Џафери, со сопругата на обвинителот за организиран криминал Ислам Абази, со синот на апелациониот судија Енвер Беџети чија иницијатива за разрешување ја чуваат во фиоките на Судскиот совет и со други семејни лози од судството.
Треба да се истакне, дека не е доволно само да се смени името за да се добие датум за преговори, како што оваа влада ги убедуваа граѓаните или сега да се промени уставот по бугарски диктат за европски интеграции, со кој не убедуваат европски тројки „кои се многу загрижени за Македонија“, а при што во се’ друго се заостанува: нема реформи во правниот и судскиот систем, во образованието здравството, економијата, нема борба против корупцијата, криминалот и непотизмот, на кој на големо ни цвета во институциите. Се развива кланот на семејството и сватот на Али Ахмети (командант на УЧК Абаз), одговорните институции не се огласуваат. Никаде го нема обвинителот за организиран криминал Ислам Абази и МВР, Финансиска полиција. Сите кои се активисти на ДУИ се недопирливи во институциите со еден збор ТРУЛЕЖ НА СИСТЕМОТ.
Владата на седница на 4 јули оваа година, донела Одлука со која се распушта: „Меѓуресорското тело за кординација на активности против корупцијата“ и се разрешуваат сите членови на ова тело. Ова тело е формираno во 2006 година, кога премиер бил Владо Бучковски. Ова тело било замислено да биде подршка на сите институции кои во своите надлежности е борба против корупцијата. Но ова тело никогаш не поднесло извештај за активностите на криминалот!!. Па така, по предлог на Министерството за правда на 164 седница е донесена Одлука за формирање на ново Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата. Од Владата истакнуваат дека: „Меѓуресорското тело се формира заради јакнење на меѓуинституционални соработки и координација на активностите за креирање политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата, вклучително и за обезбедување техничка поддршка, спроведување мерки или активности предвидени со национални или стратешки или програмски документи од областа на антикорупција, усогласено собирање и обработки за следење на состојбите со корупцијата и обезбедување придонеси за подготвување извештаи и другите материјали за известување на меѓународни организации и тела во врска со имплементација на препораки и стандарди во областа на антикорупција“. Многу убаво срочено и напишано-теоретски. И сега почитувани читатели, следи една смешна работа од Владата која стои и тоа:
„Со ова тело ќе биде претседавач вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска“. И понатака стои: „ Ова тело ќе биде составено од претставници на ЈО, Судски совет, Совет на јавни обвинители, ДКСК, ДЗР,,вицепремиерката задолжена за добро владеење, МВР, МП, МФ, МИОА, Управа за финансиска полиција-Министерството за финансии, Царинска управа, Управа за финансиско разузнавање, БЈН, Агенцијата за управување со одземен имот, Секретерјатот за европски прашања и делегацијата на Македонија во ГРЕКО“. По ова еве во практиката како ќе работи ова меѓуресорско тело во борба против криминалот читајте: „Јавното обвинителство (ЈОРМ) ја замрзнува договорената соработка со ДКСК, зошто, затоа што „ без докази барала кривична одговорност за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан во случајот Труст„. Ова ќе биде практиката на несоработка против криминалот против кланот на Али Ахмети, Ковачевски, Османи, Груби и други.
За загрижувачките состојби во нашава македонска држава на овој план нема да цитирам многу вредни ликови, но, ќе ја цитирам изјавата на претседателот Стево Пендаровски: „ Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава, каде просечна плата во земјата е 400 евра“ (Изјавена на регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад(2019). Што да се каже на ова безперпективност за младите? Кога и самиот гледа дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општественото живеење и делување. Затоа неминовно се потребни брзи избори. Час поскоро да дојдат нови луѓе со интегритет.
Што е напишано во законите на институциите во системот
Во правната терминологија, односно законите за сите институции во системот на Република Македонија, како и за државните комисии кои се во состав на државен орган, стои: дека треба се почитуваат начелата на законитост, совестност, професионалност, работење во интерес на граѓаните, транспарентност, борба против криминалот и корупцијата, непотизам, судир на интереси и што уште не согласно законската регулатива. Многу убаво срочено и пишува дека нашите закони се со европско знаменце, односно биле компатибилни со европските закони. Да, во законите пишува, но како се имплементираат законите, практиката покажува дека институциите и државните комисии се инсталации на политичките партии на власта. Институциите се однесуваат племенски, а не европски. Па овие загари платеници и приврзаници на оваа власт полни им се устите за „европски фронт или против“. Е загари на власта ова што се прави по институциите е племенски фронт за ништење на МАКЕДОНИЈА. Тоа нема да помине, нема да поминат ниту уставните промени по бугарски диктат, за кои се залагаат оние на Власта каде што им е личниот интерес пред се, а не интересот на Македонија.
Почитувани читатели, само да Ве потсетам, пред неколку години кога министер за правда беше Рената Дескоска, таа сама себе си се кандидираше за член на Венецијанската комисија, па истата вовела критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски. Да биде скандалот поголем министерката за „правда“ Дескоска целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа конфликти на интереси. Ќе наведам некои: Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска (сега е член на Судскиот совет), именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев Претседателот на Апелациониот суд во Штип Наќе Георгиев( сега член на Судскиот совет), именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски,… Со ваквите именувања од страна на министерот за „правда“ Рената Дескоска, полагањето на правосуден испит ќе зависи од субјективната проценка на комисијата дали кандидатите биле или се активни поддржувачи на политиката на СДСМ и Зоран Заев. Ова е школски пример за непотизам, партизација и корупција. Воедно треба да се истакне дека кога ова министерка го водеше Министерството за образование, се донесе Закон за високо образование, кој е неразвоен и неевропски.
Па да почнеме по ред за некои институции и комисии:
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)
ДКСК за да ја утврди целосната фактичка состојба за пријавен случај, прибавува податоци и информации од други меѓуресорски институции како што е Државниот просветен инспекторат, Управата за финансиска полиција, Македонската авторска агенција, Инспекцискиот совет, ОЈО, МВР… но на сето ова се оди на забошотување-заташкување на проблемот или како што е примерот помеѓу Јавното обвинителство (ЈОРМ) и ДКСК.
Незаконско унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања и тоа лицата Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули на Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет, констатирано при редовен инспекциски надзор и се бара ДКСК да преземе соодветни мерки по однос на законитоста на изборот во наставни, наставно-научни, научни и соработнички звања на трите лица-актуелни функционери. Исто така, при редовниот инспекциски надзор се констатирани нерегуларности во постапките за избор во наставно-научни звања на овие актуелни функционери, кои за време на мирувањето на нивниот работен однос.
Или пример: Поминаа повеќе од една година по поднесувањeто на пријави до трите институции од 03.06.2022 година, до: Основното јавно обвинителство-Скопје-РО 249/22, Државната комисија за спречување на корупција-125560/1 и Управата за финансиска полиција- 1589/1, а во врска злоупотреба на парични средства од Фондот за функционирање и развој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола (УКЛО), каде што наместо за развој на универзитетот, и студентите финансиските средства завршувале на лични сметки на ректор, проректори, генерален секретар на универзитетот и декани.
Почитувани читатели, за ваше запознавање
Поднесените пријави до горенаведените институции од моја страна е сомнеж за криминал и корупција, а тие надлежни институции треба да испитаат дали има злоупотреба на пари од формираниот Фонд за функционирање и развој на универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола. Па така, поранешниот ректор Сашо Коруноски за неколку години му се исплатени 1.997.595 денари или над 30 илјади евра. На поранешниот проректор, а сега ректор Игор Неделковски од овој Фонд му се исплатени 525.953 денари или нешто над 8.500 евра. Ако се отвори алатката „Отворени финансии“ ќе се види дека Неделковски под ставката патување во земјата-хранарина (дневници) исплатени му биле и по 10 илјади денари. По околу 9.500 денари му биле исплаќани и под ставката други договорни услуги. Средствата му биле исплаќани од 2017 година (кога ректор бил Сашо Коруноски). На сметката на проректорот Љупче Кочоски (починат) му биле исплаќани 585.875 денари или 9.500 евра, а на сметката на проректорот( сега вработен на Филозовскиот факултет при УКИМ-Скопје) Марјан Ѓуровски (сега советник на претседателот Пендаровски) му биле исплатени 690 илјади денари или околу 11 илјади евра. Пари им биле исплаќани и на генералната секретарка Офелија Христовска во износ 226.496 илјади денари, потоа на деканот на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, а сега проректор на овој универзитет Цветко Андреевски исплатени му се 158.800 денари, на деканот на Технолошко-техничкиот факултет Велес-Татјана Калевска исплатени 164.800 денари…
Од горенаведените институции нема ни глас ни одговор. Иако е даден службен исказ пред органите на МВР-Скопје. Од страна на Основното јавно обвинителство од Скопје кривичната пријава е примена на 03.06. 2022 година, и веднаш е „постапено“, па јавниот обвинител од Скопје ја препратил на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Битола. Основното јавно обвинителство – Битола, го доставува до МВР-Битола, па МВР-Битола го допраќа до МВР-Скопје, каде во МВР-Скопје се дава исказ за целокупниот случај за сомнеж на криминал и корупција. И сега целиот предмет е во Основното јавно обвинителство во Битола. Зошто Основното јавно обвинителство Битола го премолчува предметот, може да се претпостави, а за сето ова е запознат и претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јовески кој истиот избегнува да одговори. Зошто?!
Државен просветен инспекторат
Практиката покажува сосема друго. Пример: Од извршен редовен инспекциски надзори на Меѓународниот универзитет во Струга, од страна на Државните просветни инспектори, се констатирани незаконитости во делот на ненострифицирани 800 дипломи. Воедно се констатирани докторски дипломи кои се ненострифицирани, не е запазена законската регулатива согласно Законот за високо образование и има нивно унапредување во наставно-научни звања во доценти, вонредни професори.
Или отворениот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, започнува со работа незаконито без акредитација. За вака констатираните состојби на овие универзитети и покрај сите укажувања до директорот на ДПИ Томе Спироски и главниот инспектор Африм Саљиу не ми е овозможено да извршам контролен инспекциски надзор, туку истиот да го направи друг инспектор. Само затоа што бил политички договор со министерот за образование и наука Рената Дескоска, да не се чепка овој универзитет ќе имало политички импликации во Владата. Иста е состојбата со непочитување на законитоста и борба против непотизмот и судир на интереси од страна на Директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спироски и инспекторот Африм Саљиу токму тоа го практикуваат со што вршат притисок врз Државните просветни инспектори, поконкретно кон мене се врши мобинг да констатираните незаконски унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово-Правен факултет.
Од инспекцискиот редовен надзор се констатира дека Арбр Адеми-министер за образование и наука (сега пратеник на политичката партија ДУИ), неговиот избор во наставно-научно звање Доцент е незаконит. Истиот случај е и со Агим Нухиу-заменик министер за Внатрешни работи во Владата на Република Македонија (сега Заменик министер за образование) и се бира во наставно-научно звање вонреден професор.
Напред наведените јавни функционери незаконито склучиле и Договори за интелектуални услуги со Државниот универзитет Тетово и примиле паричен надоместок. договори за интелектуални услуги со Македонската авторска агенција авторски хонорари за вршење на настава, што е спротивно на член 133 став 14 од Законот за високо образование. Со што направиле злоупотреба и направиле криминал и корупција со таквото дејание.
Само да напоменам дека претседател на Инспекцискиот совет е м-р Магдалена Филиповска-Грашкоска (сега Директор на ФЗО член на политичката партија СДСМ), а член на Инспекцискиот совет од областа на образованието, науката и културата е Ќерамедин Селими член на политичката партија ДУИ, односно коалициони партнери од Владата на Република Македонија.
Како подносител со барање до Инспекцискиот совет за поведување на дисциплинска постапка на инспекторите Африм Саљиу, Даниела Кироска и Христина Јовановска и наведените факти за нестручно и несовесно постапување, непрофесионален однос, судир на интереси во врска со извршениот вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово (УТ)- се отфрлаат од овој Инспекциски совет кој е инсталација на ДУИ и СДСМ. Ист е случајот и со просветната инспекторка Маја Стојановска (од политичката партија СДСМ и е во блиска родбинска врска со поранешниот директор на ДПИ Томе Спироски и министерот Оливер Спасовски) која нестручно и несовесно постапува по извршен вонреде инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје, на Факултетот бизнис економија-Скопје. Поконкретно претседателот на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и Ќерамедин Селими (инсталација на СДСМ и ДУИ) ги прикриваат сите незаконски постапки на инспекторите.
Државна комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка
Овој државен орган треба да биде самостоен во својата работа и има својство на правно лице, е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциски постапки како по жалби, против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кои со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочна постапка. Но ова комисија работи по директива на политичката партија ДУИ и СДСМ и поставената Државна комисија е именувана во Собранието на Република Македонија каде мнозинството членови се од политичките партии СДСМ и ДУИ, и нормално се предлагаат партиски кадри и тоа: Претедател на Комисијата Елизабета Русеска, дипл.правник од Охрид, член на Централниот одбор на СДСМ, Ристана Лалчевска член на Либералната партија, член Искра Давитковска Костовска од Скопје, таа работела на „правни работи и уредување на весник“ во Здружението на возачи што исто така ни од далеку не одговара на тоа што ќе го работи како член на второстепена комисија, Неждет Винца електроинжењер (наместо правник не исполнува основни услови, но е важно дека била екс директор на ЕВН Тетово), Шефки Јашари од Кичевско, и Мирјана Панајотова и Ѓорѓи Чукарски од Струмица. Како што стои по порталите дел од комисијата не ги исполнуваат основните услови пропишани со закон. Според пишувањата во македонските портали стои дека: Мирјана Панајотова била предлог зад кој застанала генералната секретарка на Собранието на Македонија Цветанка Иванова, а со амин на Зоран Заев, кој во ова комисија го предложил и вториот струмичнец Ѓорѓи Чукарски, кој работел во Управниот инспекторат и во Министерството за информатичко општество како инспектор за Струмица и околните општини. Како што наведов на листата на членови на комисијата се најде струмичката правобранителка Мирјана Панајотова, поранешна колешка на Цветанка Иванова, сегашен секретар на Собранието кога била јавен правобранител во Струмица. Панајотова, која сега е советник во струмичкото државно правобранителство, била една од обвинетите во случајот „Јака Табак“, каде што била обвинета заедно со екс директорот на Бирото за стокови резерви, со струмичка судијка на „Јака Табак“ дека нанела штета на Бирото за стокови резерви, односно државата со отпишување и обезвреднување на тутун од стоковите резерви. Подетално за нејзе може да се најде во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред судот во Скопје.
Што се очекува од ваква комисија, какви одлуки или решенија ќе носи законити или политички??!!
Третата власт во Македонија – што покажува практиката
Во практиката спротивно на законот, општа е перцепција дека судството во Република Македонија е корумпирано-криминално, зависно од политичките партии на власт, односно подпаѓа под влијние на извршната власт. Има селективни судења и нема правна сигурност и дискриминација на донесени одлуки. Што не е европска судска пракса.
Би навел конкретни примери: Во Основниот суд Струга повеќе од пет години се водат судски прекршочни постапки од страна на Државниот просветен инспекторат против Меѓународниот универзитет Струга. За ова знае и претседателот на судот во Струга. Запознати се и амбасадите во нашава македонска држава за донесените прекршочни постапки повеќето се ослободителни. Пресудите се однапред јасни не може да се пресуди против овој универзитет струшки, каде што судии од струшкиот, битолскиот и Управниот суд се или биле вклучени во активности на овој универзитет. Како и вклученост на политички активисти и министри блиски на овој универзитет. Таму се констатирани законски пропусти согласно Законот за високо образование со ненострифицирани дипломи на странски студенти, ненострифицирани дипломи и избор во наставно-научни звања како што е примерот со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, на нортарката Беса Кадриу во наставно научно звање доцент, ангажираност на заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а градоначалникот дури и во вонреден професор. За какви судии станува збор, каде е нивната професионалност и независност односно правичност.
Или постапките на Основниот суд во Тетово, со поднесување на прекршочни постапки на јавни функционери, од страна на Државниот просветен инспекторат, против министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет, судиите Јасмина Лазароска и Хуриете Цека донесуваат Ослободителни пресуди. Донесените пресуди од страна на судиите се пристрасни, непочитување на еднаквост, рамноправност и не се врз основа на владеење на правото. Јас би додал дека се тенденциозни и непринципиелни. Очекувам од Судскиот совет, посебно од претседателот на Републичкиот судски совет г-дин Киро Здравев да постапи по мојата преставка (03-2163/1 од 31.12.2019 година), и да постапи согласно надлежноста на Советот. Обавената средба на ден 12.02.2020 година со претседателот на Судскиот совет, ми дава за право да очекувам согласно надлежностите на Советот да се преземаат соодветни дисциплински и други мерки, а тоа значи има можност од разрешување на судии, да утврди престанок на судската функција, да одлучи за дисциплинските одговорност на судиите, да утврди нестручно и несовесно вршење на судската функција. Ако се работи согласно Уставот и законот, без политички влијанија. Што праксата го покажува политичкото влијание и во третата власт.
Зоран Заев поранешен премиер изјавува дека:„ судството го отворил како пупка“, еве мала анализа за распупеното судство и начинот на напредувањето по политички нарачки: судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје, судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка. Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд.
Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравев, има интересна ситуација, судијата Ќиро Здравев е унапреден во претседател на Судскиот совет, судијата Фаик Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд, а судијата Џемали Саити за кратко ќе добие втор мандат како претседател на Здружението на судии, каде десна рака ќе му биде Петра Кабранова ќерка на главниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов.
Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување но на интересен начин постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали по објавена „аудио бомба“. Ова е доказ дека судството е во рацете на политички послушници.
Јавно обвинителство во Република Македонија – практиката покажува
Во практиката спротивно на законот, општа е перцепција дека како и во судството така и Јавното обвинителство во Република Македонија е корумпирано-криминално, зависно од политичките партии на власт, односно потпаѓа под влијание на извршната власт. Има селективност и нема правна сигурност и дискриминација на донесени одлуки. Што не е европска обвинителска пракса.
Би навел конкретни примери: Од моја страна е побарано до Основното јавно обвинителство Тетово, до каде е истражната постапка по предметот 1395/19 од 04.07.2019 година, заради постоење основано сомневање дека се злоупотребени парични средства од страна на носители на јавни функционери именувани од Владата. Имено, министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет, кои во периодот од нивното стапување на функција, до сега имаат користено средства по основ склучување договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет, а преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, што е спротивно на Законот за високо образование и Законот за Влада. Од страна на Управата на финасиска полиција сум известен дека незаконските парични средства јавните функционери ги зеле и ги вратиле на Универзитетот Tетово. Со што си признаваат образовен криминал. Од страна на ОЈО-Тетово, ме известуваат дека е оформен предмет КО.бр.516/19 и за истиот предмет се постапува, имено на 01.10.2019 година од страна на Управата за финансиска полиција до ОЈО Тетово е доставен посебен извештај бр.17-2115/9 од 27.09.2019 година, постапката по однос на овој предмет е во фаза на предистрага, се преземаат мерки и сите дејствија по однос на предметот, истовремено се чека претсавник од Универзитетот Тетово да биде сослушан во својство на сведок во ОЈО Тетово…а за тоа време согласно законот за кривична постапка благовремено ќе бидам известен за донесената одлука. Поминати се повеќе месеци нема никаков одговор од Јавниот обвинител Басир Алиу. Може само да се претпостави што се чека, кога согласно законот за кривична постапка е јасно и чисто. Сите индиции укажуваат дека има големи притисоци од некои јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство, како и од политичката партија ДУИ која е во Власта.
Исто така, од моја страна е оставена Кривична пријава КО3788/19 од 28.11.2019 година до Основното јавно обвинителство Скопје, против правното лице Државниот просветен инспекторат и одговорнто лице Томе Спироски директор на ДПИ, за сторено кривично дело: Повреда од правата од работен однос согласно член 166 став 1 од Кривичниот законик. Очекувам јавниот обвинител да постапи согласно законската постапка. После три години добивам одговор предметот е застарен!!!
Друг пример: Доставено до Јавното обвинителство на организиран криминал на ден 24.04.2023г, како и дополнително на 18.05.2023г. како и до МВР-оддел за организиран криминал на ден 20.04.2023г и дополнување на 18.05.2023г.под бр.228-42724, со барање: Македонски студенти кои побарале од Одделението за нострификација при МОН, да им бидат нострифицирани невалидни дипломи кои завршиле на ЕЦПД, односно студенти кои „ завршиле на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од ООН“ кои студиски програми не се акредитирани (станува збор за 16 лица). Од страна на МОН, добивам одговор бр.03-3831/2 од 20.04.2023 година, потпишано од Министерот за образование Јетон Шаќири дека:„ …во кое барате известување за наведените 16 лица Ве известуваме дека истите е завршена постапката за нострификација на нивните дипломи стекнати во странство“. Целиот материјал е доставен до напред наведените институции, нема никаков одговор. Зошто се прикрива. Одговорот е јасен има политички влијанија!!!. Додека во Хрватска, БИХ, Србија се гонат и притвораат одговорни на универзитетите и министерствата, кај нас се прикрива.
види повеќе: Балкански лонец на образовни криминали со невалидни дипломи
Произлегоа скандали со добивање на разни бонуси и парични средства од многу илјади евра на специјални јавни обвинители, нивни деца, блиски роднини, на деца од директори на јавни установи и слично. Скандал. И пример дека македонското општество е корупмирано и криминално, непотистичко и тешко некој да одговара. И со право од нас како држава кои претендираме за прием во европските интеграции се бара прво, да расчистиме со корумпираноста и криминалот и да се професионализираат и европеизираат нашите институции, да завладее правото.
Само да напоменам. Додека ја пишував книгата МАКЕДОНСКАТА ОПШТЕСТВЕНА СТВАРНОСТ, во македонскиот парламент се одвиваше дебата за донесување на Законот за јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители. Мислењата беа поделени од една страна се предлозите на Владата односно министерот за „правда“, а од друга страна на опозицијата и експертските професори. Законот за јавно обвинителство, што се предлага како што говори професорот Гордан Калајџиев: „Законот има промашени работи…полн со будалаштини, вакви екскурзии се непримерни…“. Како што други исто така говорат од стручната и експертски професори дека „Ваквите предлози на Власта, не и е до ЕУ и европските вредности, туку е поважна сопствената безбедност, на штета на граѓаните, невладеење на правото и правната држава“. Некои се фалат дека во Законот за јавни обвинители го вметнале Бадинтер, односно бадинтеровото во изборот на јавни обвинители за гонење организиран криминал и корупција. Така при изборот на јавни обвинители, ќе биде одлучувачка етничката припадност, а не колку некој е стручен и способен. Тој е тежок удар за владеењето на правото и правната држава. Сеуште во Македонија единица мерка за нечие оценување и вреднување е етничката припадност кон одредена заедница. Секаде на друго место тоа е стручноста, компетентноста, конкурентноста. Се донесе Законот за јавно обвинителство по скратена постапка е чудна. Чудно и скандалозно. Ова не е европска пракса. Така размислува и Венецијанската комисија па и Меѓународниот суд за европски човекови права.
Практиката тоа го покажува нефункционални и партизирани криминални институции!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес