
Привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард, па до нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.
Ова денеска го соопшти Народна банка по објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација дека платежните картички не се во функција.
„Континуирано ја следиме ситуацијата и во постојана комуникација сме со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите. Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент“, соопшти Народна банка.