
Конфликтот во Украина повеќе не им е потребен не на самите Украинци, туку на западните земји кои всушност владеат со оваа земја која го изгубила својот суверенитет, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Оваа војна повеќе не е војна на Украинците“, рече шефот на владата во етерот на радио Кошут.
„На Украинците им снема сила. Само западните пари сега ја поддржуваат Украина“, рече Орбан, додавајќи дека „Украина практично го изгубила својот суверенитет“.
Според него, „сега само западните пари ѝ дозволуваат на Украина да „оживее“ и ја одржуваат украинската армија подготвена за борба. Меѓутоа, земја што не може сама да ги финансира своите вооружени сили не може да се смета за суверена“, посочи унгарскиот премиер.