
Навивачите на фудбалски тим Левски од Софија кои синоќа беа приведени во Скопје поради инцидентите пред и за време и на натпреварот против Шкупи, денеска се пуштени на слобода, потврди бугарската амбасада. Казнети се со по 18.000 денари за нарушување на јавниот ред и мир и недолично однесување на спортски настан.
Од амбасадата на Бугарија во Скопје има потврда за бугарските медиуми дека сѐ е в ред со навивачите, кои откако ќе ја платат казната можат слободно да се вратат дома.
Ова е епилогот од инцидентите кои се случија во четвртокот пред, за време и по натпреварот меѓу Шкупи и Левски од Конференциската лига во кои еден бугарски навивач беше тешко повреден во напад со нож.