
Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга.
Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода 44-годишниот С.Н. од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал 46-годишниот А.Д. од Струга, изјави Димоски.
А.Д., како што потврдил за МИА ја портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.