
Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. UV индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно и потопло време.