
Спектакуларно шоу приреди балканската ѕвезда Теа Таировиќ, пред два дена во Egoist Bech Bar во Охрид.
Одлична енергија и вечер исполнета со совршен спој на задоволство и забава, а, може да се каже дека дефинитивно тоа беше концерт во кој сите присутни уживаа.
Публиката, која го достигна зенитот со својата бројност и расположение, покажа дека овој настан во Egoist Bech Bar беше најпосетеното место таа вечер во Охрид.
Нескромно, може да се оцени дека Таировиќ го стави во сенка настапот на Аца Лукас на стадионот Билјанини извори, кој неспоредливо имаше помалку посетители.
Таировиќ, една од најпривлечните балкански пејачки блескаше на сцената од почеток до крај, а публиката уживаше во нејзините хитови и сценски настап.
За сите кои летните денови ги поминуваат, или планираат да дојдат во Охрид, Egoist Bech Bar најавува интересни перформанси и настапи на повеќе домашни и странски музички ѕвезди, за кои може да се информирате на нивната Фејсбук страница.