
На 01.08.2023 во 16:25 часот во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода Р.А.(49) од Велес, поради тоа што околу 16:05 часот во казино најпрвин побарал пари од вработените, а откако бил одбиен почнал да се заканува и со тврд предмет оштетил апарати.
Според пријавеното, тој потоа физички нападнал една од вработените и ѝ одзел мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.