
Традиционално за Илинден во струшко Ташмаруништа. Во чест на комитите, војводите, партизаните, оние кои на свои плеќи и за нас водеа крвава битка за слободата и независноста. Држава натопена со страдања и со крвта на патриотите кои даваа се, за она што денес го имаме и не смееме да го загубиме. Слава им!, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во објавата на Фејсбук.