
Делови од Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат селата Жегљане, Арбанашко, Буковљане, Цветишница, Пузајка, Степанце, Драгоманце, Кокино, Осиче, Дејловце, Рамно, Малотино и Длабочица.
Во период од 08:05 до 16:05 часот без струја ќе бидат селата Габреш, Орман, Кучкарево и Градиште, додека од 12:00 до 14:00 прекини ќе има во Дејловце и Осиче.
0д 07:30 до 09:30 часот прекини ќе има кај корисниците од населбата Карпош, поточно кај т.н. воени објекти.
Прекини се најавени и за утре, кога во период од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Димитар Влахов“ и „Иво Лола Рибар“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.