
Самопрогласениот нов лидер на Нигер, Абдурахаман Чиани, ги отфрли санкциите воведени минатата недела од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) како „незаконски, неправедни и нехумани“.
Тој во телевизиско обраќање во пресрет на Денот на независноста на поранешната француска колонија рече дека Нигер нема да потклекне пред регионалниот и меѓународниот притисок за враќање на претседателот Мохамед Базум на власт.
Чиани нагласи дека француските граѓани „никогаш не биле предмет ниту на најмала закана“ и дека „немаат објективна причина да го напуштат Нигер“.