
Мноштво подржувачи на превратот кој го изведе нигерската војска во четвртокот маршираа по улиците на главниот град Нијамеј, протестирајќи против санкциите што ги воведе групата западноафрикански соседни земји додека челниците на тие земји разгледуваат воена интервенција за „враќање на демократијата“ во таа земја иако се чини дека во моментов мнозинството жители ја поддржува хунтата.
Генералот Абдрурахмане Тјани, поранешн командант на Претседателската гарда, минатата среда го притвори претседателот Мохамед Базум, објаснувајќи дека владата на претседателот давала лажни претстави за вистинската ситуација во земјата и во однос на борбата со исламистичките групации и во однос на безбедноста и стандардот на граѓаните, како и дека сака да ја спречи „постепеното и неизбежно“ пропаѓање на Нигер.
На притворениот претседател Базум, инаку, изминатите денови му беше овозможено телефонски да разговара со повеќе светски челници, меѓу кои со францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Економската заедница на западноафриканските земји (ECOWAS), стравувајќи од прелевање на нестабилноста, воведе санкции и најави дека може да одобри употреба на сила доколку негерската војска не го врати Базм на власт до недела.
Воените команданти од земјите во ECOWAS се состанаа во средата во Нигерија за да разговараа за можна воена интервенција, иако порачаа дека таквата акција би била „последното решение“. Организацијата објави дека веќе нема да толерира пучеви во регионот, ова беше седмиот од 2020 година, откако претходно се случија во Мали, Буркина Фасо и Гвинеја, а во досега најстрогиот настап кон Нигер порачаа дека оваа африканската држава мора да покаже дека „може и да гризе, а не само да лае“.
Тјани, кој освен поддршката од двете соседни земји, доби пофалба од шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евганиј Пригожин, која е веќе неколку години присутна во повеќе земји во северизападна и централна Африка, порача дека ќе се бори доколку дојде до воена интервенција од тие семји.
„Доколку ECOWAS ја продолжи својата деструктивна логика до крајот, Алах нека го чува Нигер и осигури ова до биде конечната битка којашто заедно ќе ја водиме за вистинската независност на нашата нација“, порача Тјани во телевизиското обраќање.
Во средата, исто така, ги нарече наметнатите санкции од ECOWAS „нехумани“ и предупреди да не биде преземана никаква странска интервенција и порачувајќи дека е отворен за политички дијалог во рамките на Нигер без надвореши мешања.
Во четвртокот беше одбележана 63-годишнината од независноста на Нигер од колонизаторот Франција. Поради тоа имаше мноштво натписи со антизападна конотација на протестите во Нијамеј а на еден пишуваше „Долго да живеат Нигер, Русија, Мали и Буркина. Доле Франција, ЕУ и ECOWAS“.
Како и при претходните преврати во Буркина Фасо и во Мали, воениот преврат во Нигер доаѓа во време на новиот бран антифранцуски чувства во земјата. Франција во земјата има околу 1.500 војници, а има и една американска воена база, кои учестувале во борбата против џихадистичките групации поврзани со Исламската држава и Ал Каеда кои дејствуваат во земјите од регионот Сахел. Но, освен колонијалното минато, француските војски во регионот се обвинети за никаква борба против исламистите и присуство само за да ги заштитуваат финансиските интереси во западните земји, но и за тешки злосторства, вклучително и за силувања на деца. Буркина Фасо и Мали веќе ги протераа француските војници, од кои повеќето беа прекомандувани во Нигер.
Западните земји стравуваат дека Нигер, кој располага со значителни резерви од ураниум кој се извезува главно за потребите на бројните нуклеарни централи во Франција, би можел да го следи примерот на своите соседи и да се сврти кон Русија како сојузник, како и дека тоа ќе ги зајакне исламистите. Од друга страна, Нигер досега беше сметан за клучен западен сојузник во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.
План за интервенција
Воените челници на споменатите западноефрикански земји, разговараат во Нигерија и се очекува набрзо да излезат со заклучок за можна интервенција во Нигер, иако истакнаа дека тоа е „последната опција“.
Ајсата Тал Сал, министерка за надворешни работи на Сенегал кој сѐ уште одржува блиски политички врски со поранешниот колонизатор Франција, најави дека војската на нејзината земја ќе биде подготвена да учествува доколку ECOWS реши да интервенира.
Организацијата ECOWAS, инаку, покрај трите земји сега спротиставени земји – Буркина Фасо, Нигер и Мали, ја сочинуваат и Бенин, Брегот на слоновата коска, Гамбија, Гана, Гвинеја, Гвинеја Бисао, Зеленортските острови, Либрија, Мали, Нигерија, Сенегал, Сиреа Леоне и Того.
Негирските сосед Буркина Фасо и Мали, каде што исто така последните години беа изведен преврати поради незадоволството од слабото справување на тамошните власти со џихадистичкиот бунт во пошироката област Сахел, предупредија дека воен напад врз Нигер ќе го сметаат за напад и врз нивните држави. Генералот Тјани во средата во двете земји испрати високо позиционирани воени команданти за да ја зајакнат нивната поддршка.
Од ECOWAS објавија уште во средата дека испраќаат своја делегација која ја предводи Нигерија на преговори со пучистите во Нигер, но извори од нигериското претседателство во четвртокот вечерта за западните медиуми соопштија дека делегацијата сѐ уште не заминала на тоа патување.
Кина, чиешто повторно враќање на африканскиот контенент ги вознемирува западните сојузници, во четвтокот објави дека верува дека Нигер и земјите во регионот имаат мудрост и способност да изнајдат политичко решение.