Невремето во Белград направи хаос со авио-летовите на „Никола Тесла“

Поради невремето кое вчера го зафати Белград беа откажани бројни летови на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Истовремено, во попладневните и вечерните часови имаше забрана за точење на гориво во авионите, што дополнително предизвика отстапување од стандардниот распоред на летови.

Овие доцнења ќе се пренесат во текот на денешниот ден, а можно е и да има и целосно откажување на некои летови.

Како што соопштуваат од националниот авиопревозник „Ер Србија“, сите патници кои ќе ги изгубат врските за други летовите ќе бидат пренасочени на други соодветни линии.