Повеќе од 550 лекари и медицински работници си заминале од Косово за пет години

Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу изјави дека во претходните пет години Косово го напуштиле повеќе од 550 лекари и медицински работници.

Тој за приштинскиот портал Газета експрес изјави дека од тие заминувања најмногу е погоден хируршкиот сектор, пред се на анестезиолозите.

Автоматски се намалуваше работата во халите, се зголемуваа листите на чекање, а со тоа и незадоволството на пациентите, рече Сејдиу.