
Сораја Вучелиќ наводно била уапсена рано утринава во Црна Гора. Таа, како што пишуваат медиумите, била приведена во алкохолизирана состојба околу 5 часа.
Старлетата наводно завршила во полициската станица во Будва. Во Црна Гора моментално се зголемува сообраќајната контрола, а таа наводно се обидела да го избегне тестот, а на крајот тестот покажал дека е во алкохолизирана состојба.
-На крајот сепак се согласила, тестот покажал дека е под дејство на алкохол кој го конзумирала за време на ноќното излегување, открил изворот.