
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје, потврдија за МИА од МВР.
Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.
Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.