
Во среда во Македонија по свежото утро во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. UV=8.
Утринските температури се движат меѓу 7 и 17, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 22 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината денска, исто така, наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Темпретурата ќе се искачи до 29 степени.
Во четврток ќе има преодно дестабилизирање и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и потопло време.