
Украинските власти во југоисточната Херсонската област во четвртокот издадоа наредба за задолжителна евакуација на жителите од градот Купјанск и неговата околина поради интензивното руско гранатирање на областа, јавува CNN.
Во наредбата се наведува дека е најавена задолжителна евакуација за жителите на градот, како и на Заоскил, што се наоѓа на источниот брег на реката Оскол.
„Руските јуришни единици ги подобрија позициите во Купјанск“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесува ТАСС.
Во последните седмици руските сили ги интензивираа напорите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскол и ја зголемија фреквенцијата на воздушни и артилериски напади врз населените места од двете страни на реката. Истоврмено известуваат и за заземање на неколку стратешки важни позиции во прваците на Купјанск и Харков.