
Белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави во петокот дека ѝ наложил на својата влада да ги обнови контактите со Варшава, во екот на растечните гранични тензии со соседната Полска.
„Потребно е да се разговара со Полјаците. Му наложив на премиерот да ги контактира“, го цитира државната новинска агенција БелТА белорускиот претседдател.
Тензиите меѓу Минск и Варшава се високи откако Полска беше база за западните обиди кон крајот на 2020 година да изведе преврат во Белорусија во текот на најмасовните протести против Лукашенко за наводно лажирање на претседателските избори. Минск обвини дека белоруските дисиденти се водени и финансирани од Западот со логистика на полските служби.
Следните години Полска ја обвини Белорусија дека намерно предизвикува мигрантска криза на заедничката граница со оркестрирање на бегалци и мигранти од блискоисточните и африкански земји да се префрлат и дестабилизираат Европската унија.
Киев од почетокот на руската инвазија во Украина активно учествува во конфликтот со силна воена и финансиска поддршка на Киев и илјадници наводни доброволци.
Полска, членка на НАТО, во четвртокот најави дека ќе распореди околу 10.000 војници на границата со Белорусија со цел за „одвраќање“, за да ја брани истачната граница на Алијансата од соседната земја којашто е во Сојузна држава со Русија и имаат договори за заедничка одбрана.
Лукашнко, кој претходните месеци ги обвини Киев и Варшава дека обучуваат на своите територии белоруски екстремисти и опозиционери кои заедно со странски платеници треба да бидат уфрлени во Белорусија и да предизвикаат граѓански конфликт, појасни во четвртокот зошто полската влада ги крева тензиите на границата.
„Полската влада сака ескалација за да ја влоши ситуацијата и со тоа да покаже дека била во право кога ја вооружува земја“, рече Лукашенко сепак порачувајќи дека е „отворен за соработка“ но директно ги обвини САД дека ја користат Полска за да ги разгоруваат тензиите во регионот.
Полска и Белорусија меѓусебно се обвинуваат за провокации, а Варшава гледа потенцијална опасност од доаѓањето во соседната земја на борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“, кои ја обучуваат белоруската војска.