
Јавноста се уште го чека текстот на Декларацијата за Илинден најавена од СДС? За потсетување, најавија Декларација во чест на 120 години Илинденско востание. Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак собраниска седница за Декларација за Илинден од СДС, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани, во меѓувреме, премиер на Бугарија зборува за бугарски карактер на Илинденското востание и на востаниците, како и дека крајната цел на Илинденското востание било присоединување со Бугарија како идеал оставен за иднината и за младината. СДС се сокри со текстот за Декларацијата за Илинден, ниту го објави, ниту го прати до ВМРО-ДПМНЕ барајќи консензус и унисоност за нејзино изгласување во Парламентот, ниту пак до утринава можеше да се најде во собраниските документи објавени на интернет. Оттука уште еднаш прашуваме: Се исплаши ли СДС или доби забрана да се изгласа Декларација за Илинден како македонски столб на државноста? Подвлекувам, беше најавена Декларација по повод 120 години Илинденско востание, вели Стоилковски.