
По целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на Национални шуми вториот пожар кај село Брушино рано утрово е локализиран. ЦУК информира дека и кај Брушани, Општина Кавадарци, претходно беше изгаснат еден пожар, а утрово во 4 часот е локализиран и вториот. Нема потреба од ангажирање на хеликоптери.
Во атарот на селото Брушани гореше нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Вториот пожар избувна на тежок терен каде интервенираа 8 пожарникари со две противпожарни возила и една екипа од ЈП Национални шуми подружница Бор од Кавадарци.