Мелони ја презема „целата одговорност“ за неочекуваниот еднократен данок на банките

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделникот ја презема „целосната одговорност“ за минатонеделната ненајавена и изненадувачка одлука за воведување еднократен данок на добивката на банките од 40 отсто, поради кој е нанесена штета на веродостојноста на нејзината влада на меѓународните финансиски пазари.

Во симултаното интервју за водечките италијански дневни весници Corriere della Sera, La Repubblica и La Stampa објавено во понеделникот, Мелони вели дека данокот од 40 отсто немал казнени намери.

„Би го сторила тоа повторно, Бидејќи верувам дека мора да се направат вистинските работи… Ова е одлука којашто ја донесов (самата). Тоа е чувствително прашање и ја преземам целосната одговорност за него“, вели Мелони.

Во настојувањата да ја зацврсти својата политичка база, италијанската влада предводена од крајната десница на Мелони ја објави изнанадувачката одлука доцна ноќта минатиот понеделник, предизвикувајќи големи продажби на акциите на банките ден подоцна, и тоа не само на големите италијански, туку и на другите банкарски гиганти во еврозоната. Потоа на 24 часа делумно беше повлечена одлуката, со појаснување дека максималниот износ на данокот што ќе го платат банките ќе биде во висина од 0,1 отсто од вредноста на нивната сопственост.

Со еднократниот данонксе оданочува силната добивка којашто банките ја оствариле благорадејќи на каматните стапки. Агенцијата Reuters дознава дека во времето кога мерката е објавена италијанското Министерство за финанси со тој данок ќе собере малку под 3 милијарди евра. Но пред објаснувањето дека се воведува максималната граница за оданочување, пресметките укажувале на значително поголеми суми.

Имајќи предвид дека беше забележано оти министерот за економија Џанкарло Џоргети беше отсутен од минатонеделната прес-конференција на која беше најавен котнроверзниот данок, Мелони во интервјуто вели и дека тој бил известен за одлуката. Меѓутоа, другите министри и членови на владата не биле запознаени поради чувтвителноста на ова прашање, додава италијанската премиерка.

Иалијанската влада, како што коментира Reuters, се поигра со идејата за оданочување на рекордните добивки на банките поради повисоките каматни стапки, но се чини дека се делумно се откажала од тоа, но нејзината нејасна комуникација околу прашањето предизвика тревога меѓу меѓународните инвеститори.