
На 13.08.2023 околу 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Орце Шутев“ во Велес, С.И (57) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.