
Само 49 минути ѝ беа доволни на третопласираната тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула да победи со 6-1, 6-0 над Русинката Људмила Самсонова, 18-та на ВТА рангирањето, во финалето на ВТА 1000 турнирот во Монтреал.
На почетокот на финалето и двете тенисерки освоија гемови на воведниот удар, а потоа 29-годишната Американка нанижа 11 гема со ред против исцрпената 24-годишна Русинка, кој само два часа пред финалето обезбедувајќи си го пласманот во него победувајќи ја Казахстанката Еелена Рибакина во одложеното полуфинале со 1-6, 6-1, 6-2.
Во своето седмо финале, второ годинава, Пегула ја освои третата титула во кариерата, а прва по триумфот во мексиканска Гвадалахара, на турнирот од истата категорија минатата година во октомври. Покрај тоа, го има и трофејот од Вашингтон во 2019 година.
Со полуфиналната победа над светската „број 1“, Полјачката Ига Швијатек, го отвори патот до титулата со која се зацврсти на третата позиција на поединечното ВТА рангирање, иако никогаш не ја поминала четвртфилналната пречка на Грен слем турнирите.Првата следна шанса ќе ја има на крајот на овој месец и почетокот на следниот месец на својот домашен терен во Њујорк.
И покрај вториот пораз во нејзиното шесто финале на ВТА Турот, Самсонова стигна до 12-то место на ВТА ранг-листата и со тоа го израмни својот најдобар пласман.