
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг период вршел полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.
Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, ѝ прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.