
Премиерот Димитар Ковачевски денес најави дека кога Македонија ќе биде членка на ЕУ, ќе ги собереме странските пасоши на македонските граѓани и ќе ги враиме во земјите од кои се земени.
-Дента кога ќе станеме членка на Европската Унија, сите заедно ќе ги собереме сите пасоши кои нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на земјите од кои што се земени, со оглед на тоа дека веќе нема да им бидат потребни со цел остварување на нивните економски интереси, истакна тој.