
Откако сите пријавени за збор ги завршија своите обраќања, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја затвори седницата за уставните измени и го одложи гласањето за потребата поради немање двотретинско мнозинство од 80 пратеници.
-Бидејќи расправата е завршена, ја затворам седницата, рече Џафери.
По прекинувањето на седницата бурно негодуваа пратениците од опозицијата кои при носењето на дневниот ред за седницата гласаа против.