
На 17.08.2023 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во приватна болница на подрачје на Карпош на 16.08.2023 во 19:43 часот бил донесен В.А.(47) од Скопје, кај кого лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.