
Во петокот вечерта околу 20,43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, 20-годишниот скопјанец Џ.И. со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С. на 54 години од кумановското село Пчиња, по што го оставил возилото и го напуштил местото.
Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Подоцна вечерта, околу 21.40 часот, возачот Џ.С. самиот се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.