
Не стивнуваат реакциите од докторите и персоналот на клиниката за Кардиологија. Извори од клиниката, за Радио Лидер потврдуваат дека се подготвува бунт против директорот Жан Зимбаков и неговиот заменик Бушлетиќ.
„Директорот не потпишува за набавките за материјали за електростимулација, но затоа редовно се набавуваат материјали за методите кои тој ги применува. Целата клиника е впрегната за тој да собере што е можно повеќе искуство во одредени методи за оперирање а често се случуваат и злоупотреби со статистиките за одредени набавки. Трча по некакви европски сертификати за себе, додека ја запоставува целата клиника. Се ова е поради бизнис, додека сме оставени без некои од основните материјали“, стои во една од поплаките испратени до Министерството за здравство од еден од повидните доктори на клиниката.