
Oпштина Ѓорче Петров и годинава обезбеди ранчиња за сите нови првачиња запишани во шесте основни училишта во Ѓорче Петров.
Ова е еден од начините општина Ѓорче Петров на симболичен начин да ги поддржи родителите кои запишаа прваче во училиште. Во текот на летниот распуст, општината реконструираше и дел од училиштата, создавајќи подобри услови за функционирање.
На сите првачиња и на сите ученици им посакуваме среќен почеток на новите школски денови, исполнети со многу успеси и убави моменти.