
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во Атина се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а предвидени се средби и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, јавија српските медиуми.
Loading…
По повод 20-годишнината од усвојувањето на Солунската декларација, на иницијатива на Мицотакис, синоќа беше одржана неформална вечера на лидерите од Западен Балкан и европски претставници, на која присуствуваше и Зеленски.
Вучиќ претходно изјави дека Зеленски побарал билатерални средби.