Мицкоски: Ако буџетот е во одлична кондиција, тогаш нека се исполнат барањата на пензионерите и нека им се покачат пензиите

-Тоа се луѓе кои што заслужуваат својот пензионерски живот да го поминат без да имаат грижат дали пензијата ќе им стигне од први до први, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање, дали партијата ги поддржува протестите на пензионерите.
Тој посочи дека доколку е точна изјавата на министерот за финансии дека буџетот е во одлична кондиција, тогаш веднаш да седнат со пензионерите и да ги исполнат нивните барања, наместо да се трошат парите на криминал и сомнителни тендери склучени во 4 очи.

-И во услови кога имаме огромен криминал, во улови кога имаме исплатени 180 милиони евра,немаме ниту шајка заковано, ниту лопата фрлено за проектот кој требаше да биде капитален. Во услови кога министерот за финансии вчера вели дека буџетот бил во одлична кондиција, најмалку што заслужуваат овие луѓе е токму тоа да нивните барања бидат исполнети, ако е точно сето ова кое што го кажува владата, рече Мицкоски.

-Треба веднаш да се седне и сериозно да се разговара со пензионерите и да се исполнат нивните барања. Ако е точно она кое што го зборува владата дека буџетот бил во одлучна кондиција, дециден е Мицкоски.