
Компанијата „Activision Blizzard“, произведувач на копмјутерскиет игри „Call of Duty“, ќе ги продаде своите права на стриминг за да може да ја презема американскиот технолошки гигант „Microsoft“, и тоа за 69 милијарди долари, што би била досега најголемата аквизиција во секторот компјутерски игри.
Уште на почетокот од 2022 година „Microsoft“ најави најголемо преземење во историјата на идустријата на компјутерските игри, но аквизицијата тогаш ја блокираше британскиот регулатор за пазарна конкуренција CMA поради загриженоста дека американската софтверска компанијата би можела да стекне преголема контрила над растеќкиот пазар на компјутерски игри „во облакот“.
По повеќемесечно разгледување, британски CMA соопшти во вторникот дека останала при првичната одлука да стави вето на договорот, принудувајќи го „Microsoft“ да изнесе нови услови.
Според реструктурираниот договор, сега „Microsoft“ нема да може да ги објавува игрите на „Activision Blizzard“, како што се „Overwatch“ и „Diablо“ исклучително на сопстваната „облачна“ услуга за споделување Xbox Cloud Gaming, или искучително да ги контролира условите за лиценцирање за конкурентските услуги.
Наместо тоа, францускиот конкурент „Ubisoft Entertainment“ ќе може да купува права на услуги за споделување во „облакот“ за постојните игри за компјутери и консоли на „Activision Blizzard“, како и за сите нови игри кои на „Activision Blizzard“ ќе ги обвјави во следните 15 години.
Тоа ќе важи глобално, но не и во Европа, каде што Европската унија веќе го профати оригиналниот договор. Во Европската унија „Ubisoft Entertainment“ ќе добие неекслукзивна лиценца за правата на „Activision Blizzard“ за да може да ги понуди тие игри и во овој регион.
„Microsoft“ би требало да ги лиценцира правата на игрите на „Activision Blizzard“ на „Ubisoft Entertainment“ за неговата Xbox Cloud Gaming „облачна“ платформа вон европскиот економски простор, соопшто британскиот регулатор CMA.
Регулаторите во Европската унија испитуваат дали предлогот на „Mocrosoft“ да ја добијат дозволата во Велика Британија би можело да влијае врз неговите отстапки на Европската комисија, соопшти портпаролот.
Од „Microsoft“ во вторникот соопштија дека веруваат дека новиотпредлог е „суштински поинаков“ ид ека очекуваат дека CMA ќе го прегледа до 18-ти октомври.
Од СМА, пак, објавија дека новиот договор же го испитаат според својот вообичаен систем во постапката од првата фаза којашто завршува на 18-ти октомври. Доколку и натаму постоја стравувања за влијаење врз конкуренцијата, СМА би можела да отворни многу подлабока, втора фаза од испитувањето.
Двете американски компании уште претхдно го продолжија рокот за постигнување договор, пролонгирајќи го за три месеа до 18-ти октомври, идејќи регулаторниот процес траеше подолго од очекуваното.
Извршната директорка на СМА, Сара Кардел, соопшти дека овој британски регулатор сега внимателно ќе го разгледи новиот договор, барајќи и мислења од трети страни.
„Нашата цел не е променета – секоја идна одлука за овој нов договор ќе осигури дека растечкиот ‘облачен’ пазар на игри ќе продолжи да има полза од отворената и ефективна конкуренција што ги поттикнува иновациите и изборот“, рече таа.
CMA тврди дека големата концесија на „Microsoft“ во ЕУ го покажува успехот на цврстиот пристап на британскиот регулатор кон технолошките зделки откако стана самостоен регулатор на Велика Британија по излегувањето на земјата од Европската унија.
Правниците за конкуренција, сепак, тврдат дека несогласувањата со Брисел и потегот кон договорот внесоа голема несигурност меѓу регулаторите.
Федералната трговска комисија на САД, исто така, се спротивстави на договорот, но беше неуспешна во обидите да го блокира. Сепак, Европската унија се повлече откако ги прифати обврските на „Microsoft“ да ги лиценцира игрите на „Activision“ за други платформи.
Во април CMA првпат објави дека ќе го блокира договорот и се подготвува да оди на суд за да го брани својот случај. Но, регулаторот го презеде реткиот чекор за повторно отворање на истрагата во јули, откако „Microsoft“ рече дека обврските прифатени од Европската унија и новиот договор со „Sony“ претставуваат материјална промена.
CMA во вторникот објави дека по разгледувањето на промените, сѐ уште не ги прифаќа и ќе го блокира оригиналниот договор, принудувајќи го американскиот гигант да се врати со нови услови. „Microsoft“, во меѓувреме, рече дека „Ubisoft“ ќе може да стекне права преку пазарен механизам за еднократна наплата и цени на големо, вклучително и опција која поддржува цени базирани на употреба.