
Преку трибини и кампања „Ние сме Европа“ тешки 80.000 евра, Владата ќе ги убедува граѓаните дека единствена опција за иднината на државата е ЕУ.
Откако стана јасно дека власта нема обезбедено мнозинство за уставни измени, а вицепремиерот Бојан Маричиќ не верува дека опозицијата ќе го смени ставот, Владата ќе го убедува народот.
Владината кампања за промоција на ЕУ ќе започне на 30 август и ќе трае десет дена.
Инаку, во јули минатата година во Грузија имаше масовни демонстрации под слоганот „Ние сме Европа“ откако Европската комисија препорача одложување на кандидатурата на земјата.