Власта со кампања „Ние сме Европа“ ќе ги убедува граѓаните за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“, преку која што на граѓаните ќе им се претставуваат придобивките и неопходните реформи за членството во Европската Унија.

Караванот ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Маричиќ.

Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.

Маричиќ рече дека кампањата чини 80 илјади евра, односно 5 милиони денари, а ќе заврши на крајот на септември.

Граѓаните се сеќаваат на кампањите кои ги правеше власта пред Договорот од Преспа. Тогаш имавме Гласајте за 500 евра просечна плата“ како и За бесплатни здравствени услуги“.