
Краткотрајно невреме од дожд попладнево по 16 часот го зафати реонот на Градско и околните населени места како и реонот на локалитетот Стоби.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.
-Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,но сепак екипи на Македонија пат брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот, појаснуваат од ЦУК Велес.