
Пукотници во петокот попладнето одекнувале на територијата на скопскиот трговски центар „Ист гејт“.
Од Министерството за внатрешни работи за порталот Курир потврдиле дека имаат пријава за пукање во гаражите на трговскиот центар.
Според првичните и информации досега нема пријава за повредени лица.
Телевизијата Телма објави дека било пукано кон Раде Трајковски Штекли кој бил во блиндирано возило. Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.