
Шпанските власти открија и запленија речиси 10 тони кокаин. Тоа е најголема откриена пратка на дрога во земјата.
Во пристаништето Алгесирас, на југот на земјата, во средата е запленета досега најголемата пратка кокаин во Шпанија – 9.436 килограми, се наведува во заедничкото соопштение на полицијата и царината.
Дрогата била скриена во разладен контејнер во кој се транспортирале банани од Еквадор.