
Во саботата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури се движат од 13 и 22, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Температурат ќе достигне до 38 степени.